Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате, состојбата на патиштата е ваква

Ако патувате, состојбата на патиштата е ваква

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Вијадукт Трејд известува дека на ден 10.10.2019 ќе се започне со изведување  градежни активности при поставување на индуктивни јамки на магистрален пат А2 Групчин – Тетово, во времетраење од 2 (два) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Доо ПРО – ГЕО известува дека согласно на одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски,со број 11-уп-127/4 од 07.10.2019 год. на автопат А1, А2 и А4, делница Миладиновци – Петровец – Хиподром – Миладиновци, почнувајќи од ден 12.10.2019 год. (сабота) ќе се вршат геодетски мерења согласно добиеното одобрение. Геодетските мерења ќе се вршат секој ден од 07.00 до 18.00 часот почнувајќи од 12.10.2019 год. до 07.11.2019 год.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Слично

Поврзани вести