AКО ПАТУВАТЕ: Состојбата на патиштата е ваква!
Суви коловози на патиштата ширум државата и умерен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градските.
Ако патувате кон граница пак имајте на ум дека нема долги задржувања.
Ова се сервисните информации за возачите од Автомото сојуозот на Македонија.
Ако патувате по делницата Хиподром - Кадино имајте на ум дека левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од 3 (три) месеци поради поставување канделабри .
Исто така на патниот правец Неготино - Демир Капија, на делот од Неготино до м.в. Острово , сообраќајот ќе се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.
Почнувајќи од јули па во следните шест месеци ќе се реконструира десната страна на коловозот од Граничен премин Богородица до клучка Гевгелија во должина од 5км.
