Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате ова утро, ова треба да го знаете за состојбата на патиштата

Ако патувате ова утро, ова треба да го знаете за состојбата на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Авто мото сојузот на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
  Исто така, од сојузот ги информираат возачите дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.


Слично

Поврзани вести