Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате ова утро, ова треба да го знаете за состојбата на патиштата

Ако патувате ова утро, ова треба да го знаете за состојбата на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини задржувањeто е во интервал од 15 до 30 минути за излез од државата.

Од 25.04.2019 г. регионалниот пат Р-2332 с.Царина – с.Трпејца, преку Галичица е оспособен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тона.

ЈП Македонија Пат известува дека поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Маврово – Дебар кај с.Јанче, ќе има времена измена на режим на сообраќајот. Сообраќајот ќе се одвива по една лента за време на изведувањето на градежните работи. На самото место сообраќајот ќе биде регулиран од вработените и исто така ќе биде поставена соодветна сигнализација за работа на пат.

Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слично

Поврзани вести