АКО ПАТУВАТЕ ОВА УТРО: Каде да внимавате на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Од петок се изведуваат градежни активности за подобрување на црни точки со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1202, делница Жировница – Дебар – г. п. Блато, во временски период од 30 календарски денови.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
