Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате ова утро, еве каква е состојбата на патиштата

Ако патувате ова утро, еве каква е состојбата на патиштата

Автомото сојузот на Македонија ги известува возачите дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Богородица чекањето за излез од државата е од 30 минути до еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Исто така,од АМСМ потсетуваат дека е отпочнат електронскиот начин на наплата на патарини, и дека од почетокто на овој месец тешките товарни возила имаат забрана за движење во викенд на државните патишта, како и на патниот правец Скопје-Охрид.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.


Слично

Поврзани вести