Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате ова утро, еве каква е состојбата на патиштата

Ако патувате ова утро, еве каква е состојбата на патиштата

Авто мото сојузот на Македонија ги информира возачите дека електронската наплата на патарините е отпочната.

Но исто така и дека од почетокот на месец јули во викенди се забранува движење на тешки товарни возила на државните патишта. Во петок забраната е во интервал од 17:00 до 22:00 часот, додека во сабота е од 09:00 до 18:00 часот а во недела од 09:00 до 22:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива по суви коловози.
А интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Додека на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.



Слично

Поврзани вести