Aко патувате, на повеќе патни правци има магла
Утрово на повеќе патни правци во земјава има магла.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Катланово, Катланово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје – Кондово, до 50 метри на патните правци Штип – Св.Николе и Св.Николе – Куманово и од 80 – 100 метри на патниот правец Струмица – Г.П. Ново Село.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
На патниот правец Свети Николе – Миладиновци на 10 км пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информира АМСМ.
Слично
