Ако патувате, на два гранични премини има гужви
Гужви има на дел од граничните премини.
На граничниот премин Табановце за влез во Македонија се чека околу еден час, а на Богородица за излез од државава времето на чекање е околу 30 минути. Автомотосојузот(АМСМ) соопшти дека на останатите премини, од македонска страна, вечерва нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Годишните одмори се во тек и вообичаено во овој период од годината има гужви на двата наведени премини. Српските туристи патуваат кон Грција.
Слично
