Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате кон истокот, читајте колку се проодни патиштата

Ако патувате кон истокот, читајте колку се проодни патиштата

Без пречки се одвива сообраќајот во источниот и југоисточниот регион, соопштуваат од регионалната подружница ЈП „Македонија пат“-Штип.

Кире Коцев посочува дека  сообраќајот се одвива во зимски услови и оти нема препреки од наноси од снег на патиштата.

Тој апелира тешките товарни возила да не тргнуваат на пат без зимска опрема. Синоќа десетина камиони од страна на екипте на ЈП „Македонија пат“ и на полицијата биле паркирани, со цел да не го попречуваат сообраќајот на експресниот пат Штип-Велес. Забележува дека токму новиот експресен пат има бенефиции при вакви зимски услови. Во минатото камионите го попречувале сообраќајот, но сега со проширувањето на коловозните ленти сообраќајот непречено се одвива.

Возачите да возат согласно сообраќајната сигнализација, зимските услови на патиштата и со задолжителна зимска опрема.

Слично

Поврзани вести