Ако патувате кон Грција ова мора да го знаете
Голем дел од граѓаните кои решиле викендот да го поминат во Грција, не возат по новиот автопат Демир Капија-Смоквица, кој пред неколку дена е пуштен во употреба, туку возат по стариот пат.
Дел од возачите велат дека решиле да возат по стариот пат затоа што немало поставено знак за приклучување, па не знаеле каде точно да се приклучат.
Од АМСМ, денеска даваат совети за употребата на новиот автопат, истакнувајќи дека е целосно оспособен за одвивање на сообраќајот.
„За користење на оваа делница, во правец Скопје – Гевгелија, на клучката пред Демир Капија исклучете се за Скопје, спуштете се под надвозникот и продолжете само право пратејќи ја таблата Гевгелија“- советуваат од АМСМ.
Користењето на автопатот, во наредните осум месеци, додека не се изградат новите патарини, нема да се наплатува.
