Ако патувате, читајте: Ваква е состојбата на патиштата
Студено божиќно утро и влажни коловози.
Ако обврските ви наложуваат да патувате имајте на ум дека коловозите се претежно влажни и со кашест снег.
Засега забрана за тешки товарни возила има на правецот Гостивар -Кичево преку преминот Стража.
Ако ве носи патот преку планинските превои Стража и Плетвар, на Попова Шапка, Кула и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, имајте на ум дека се забелeжуваат снежни врнежи но сепак тие не се пречка за одвивање на сообраќајот .
Внимавајте на брзината со која го управувате возилото и почитувајте ја поставената патна сигнализација.
Слично
