Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Ако општини кривично не ги гонат сите изведувачи на паднатите кровови, амнестираат криминал“: жители на Карпош по невремето

„Ако општини кривично не ги гонат сите изведувачи на паднатите кровови, амнестираат криминал“: жители на Карпош по невремето

Жители на Карпош по невремето кое вчера го зафати Скопје реагираат на реконструкцијата на покрив направен на објект во Карпош 3, за кој како што истакнуваат иако тужеле сметајќи дека е неправилно изведен, изгубиле судски спор, со сомнеж дека тоа се должи на корупција. 
- Вчера во Карпош 3 на улица Радика бр.5 падна огромен дел од кровот на зградата.

И тоа воопшто не е случајно. Со години станарите на оваа зграда се тужеа со фирмата изведувач затоа што оние што и малку се разбираат проценија дека кровот не е соодветно изведен. 
Плаќаа адвокат, вештаци и дојдоа до сознание дека изведувачот всушност успеал да ги поткупи и адвокатот и вештаците, а веројатно и судиите.

Пред само неколку дена добија конечна судска пресуда дека изведувачот добро го направил кровот и не е крив, а тие за долгогодишните судски трошоци мораа да платат големи суми - пишува во објавата на жителка на Карпош. 

Потоа Јована стефановска во објавата на социјалните мрежи додава дека само три дена по пресудата се случи несреќата во која летна кровот во Карпош, но за среќа нема жртви. 
- После само три дена од ваквата судска пресуда се случува оваа катастрофа во која има многу штета, но на огромна среќа нема никој повреден, иако еден од соседите за влакно избегнал смрт.

Во Македонија само на среќа остануваме живи, а животите ги губиме без при тоа никој да не е крив.

Криминалот секогаш излегува на површина и коси човечки животи како на нај свирепо бојно поле. 

Доколку Општина Карпош и другите општини кривично не ги гонат сите изведувачи на паднатите кровови, со трајно одземање на лиценца и доживотна забрана за дејност, тогаш дефинитивно ќе го амнестираат овој криминал кој и во иднина ќе биде голема опасност по животот на граѓаните - нагласуваа Стефановска во објавата. 




Слично

Поврзани вести