Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АКО НЕМА ОДГОВОРИ, ЌЕ ИМА ПРОТЕСТИ И БЛОКАДИ“: Родителите на загинатите во „Пулс“ бараат обвинителите и судот да не молчат

„АКО НЕМА ОДГОВОРИ, ЌЕ ИМА ПРОТЕСТИ И БЛОКАДИ“: Родителите на загинатите во „Пулс“ бараат обвинителите и судот да не молчат

Ако до 3 октомври не добијат „итни и јасни“ одговори за напредокот на постапката, ќе следуваат протести и блокади наместо досегашните мирни маршеви, најавија родителите на загинатите во пожарот во Кочанската дискотека „Пулс“.

„Обвинители и судии, ние, семејствата на жртвите од трагедијата во ‘Пулс’, бараме итен и јасен одговор од вас. Доста е со молчење, поминаа шест месеци. Срамота е“, рекоа родителите.

До Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција веќе доставиле прашања, до каде е постапката против вработените во МВР и кога ќе се подготви обвинителниот акт, а ги прашаа и судиите од Кривичниот суд, дали ќе донесат оценка на обвинителниот акт или ќе се повлечат пред политички влијанија.

„Нема повеќе трпеливост, бараме итна одговорност. Ако до петок, 3 октомври, не добиеме одговор, нема повеќе мирни маршеви — ќе има протести и блокади“, велат родителите.

Слично

Поврзани вести