Ако нема графа за верска припадност ќе повикаме на бојкот, вели владиката Петар
Ако нема графа за верска припадност во пописните листи ќе го повикаме народот на бојкот, изјави денеска владиката Петар.
Тој кажа дека епархиите на МПЦ-ОА ќе го повикаат народот да го бојкотира пописот, ако на пописните листи не постои графа за национална и верска припадност.
„Ние сме сериозно заинтересирани во најавениот попис да постои графа за етничка и верска припадност за да знаеме колку се православни во Македонија, колку се муслимани како и на другите вероисповеди и религиозни деноминации. Да се постапи така во спротивно ќе биде народот па и ние засегнати не само да не се јавиме на пописот туку и да го повикаме народот во нашите епархии да го бојкотира пописот“, изјави владиката Петар за телевизија Алфа.
Министерот за правда, Бојан Маричиќ на Твитер објави дека графа за верска и национална припадност ќе има.
Пописот ќе се одржи во месец април.
„Тој што е иселен повеќе од една година се смета дека не е резидент и на пописот ќе пишува дека е иселен повеќе од една година, тој дел е јасно решен и за сите етнички заедници“, рече вчера премиерот Зоран Заев.
