„Ако некаде јадевме најдобро – тоа беше Македонија“: Хрватскиот пар Ива и Бранко ја препорачуваат земјата како рај за евтино и вкусно јадење
Македонија повторно се најде на листата на омилени гастрономски дестинации на туристите од регионот. Овој пат, пофалбите доаѓаат од познатата travel-страница „Putoholičari“, зад која стојат Ива и Бранко – двајца големи вљубеници во патувањата од Меѓимурје, Хрватска.
Во својата објава тие со хумор и воодушевување ја опишуваат храната во Македонија.
„Ако некаде добро јадевме, тоа беше Македонија. Еден ден = еден килограм плус“, напишаа тие, додавајќи дека масите се полни со мезе, мирисот на скара се чувствува уште од улица, а порциите се толку големи што човек сериозно размислува дали во куферот ќе има место за сувенири – затоа што дел од него сигурно ќе се наполни со ајвар.
Целиот текст на Женски магазин.
Слично
