Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО НЕ ВИ ДОЈДЕ ПОПИШУВАЧ, ЕВЕ КАДЕ МОЖЕ ДА ЈА ЗАВРШИТЕ ГРАЃАНСКАТА ОБВРСКА: Статистика ги обЈави локациите за попишување низ општините

АКО НЕ ВИ ДОЈДЕ ПОПИШУВАЧ, ЕВЕ КАДЕ МОЖЕ ДА ЈА ЗАВРШИТЕ ГРАЃАНСКАТА ОБВРСКА: Статистика ги обЈави локациите за попишување низ општините

Државниот завод за статистика направи листа на локации каде може да отидат граѓаните кај кои досега не дошол попишувач, или пак не биле дома во моментот кога попишувачите били во нивниот реон. Од ДЗС појаснуваат дека предвидените локации на кои граѓаните сами може да отидат за да бидат попишани, се однесува на оние кои поради некоја причина не успеале во изминатите денови да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака, едноставно не бил воспоставен контакт.

Со цел никој да не биде пропуштен во пописот, Државниот завод за статистика (ДЗС) им понуди на граѓаните да отидат на одредени локации во нивните општини и како што велат „да ја завршат својата граѓанска и законска должност“.

Списокот со седишта каде може да се попишат е достапен на следниот ЛИНК.

Зклучно до 20 часот вчера, попишани се 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови. Најголемата статистичка операција во Македонија ќе заврши на 30. септември.


Слично

Поврзани вести