АКО НЕ ВЕ КАЗНИЛ „СЕЈФ СИТИ“, ЌЕ ВЕ КАЗНИ ОПШТИНА ЦЕНТАР: Герасимовски се пофали, 50 евра глоба за погрешно паркирање
И додека државата веќе цела недела казнува за непрописно возење и паркирање, граѓаните добиваат казни и во Општина Центар.
Градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски се пофали дека во неговата општина се казнува за непрописни паркирање и тоа во износ од 50 евра.
Како што информираше тој на социјалните мрежи, комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини.
„ На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со казна од 50 евра (во денарска противвредност), согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. Прекршочниот платен налог се подигнува во Општина Центар – Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од 8 дена, се плаќа половина од износот. По истекот на рокот следува целосна наплата или поведување прекршочна постапка пред надлежен суд. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за поуредна, побезбедна и поквалитетна урбана средина“, објави Герасимовски.
Слично
