Ако не се одржи следното рочиште, „Монструм“ почнува одново
Денешното рочиште за случајот „Монструм“ е пред одложување, а ако не се одржи ниту следното на 15 декември, процесот ќе започне одново. Во овој случај ќе истечат 60 дена без судење, а тоа значи дека ќе почне одново по повеќе од девет месеци судење, јавува Алсат.
Денеска судот даде пауза за да одлучи дали по службена должност ќе им одреди адвокати на обвинетите или судењето ќе се одложи и ќе започне одново, откако одбраната ја напушти судницата.
Насер Рауфи и уште двајца адвокати го напуштија рочиштето на сред судење, откако судот одлучи на обвинетиот Хаки Азири да му назначи адвокат по службена должност,.
Неговиот бранител Асмир Алиспахиќ е позитивен на корона вирусот, а судот посочи дека не се појавил во судница за случајот повеќе од 40 дена.
Неговото решение за изолација е до 18 декември, а следното рочиште е закажано на 15 декември.
