Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако не сакате невакциниран попишувач, ќе ви дојде вакциниран

Ако не сакате невакциниран попишувач, ќе ви дојде вакциниран

Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите, пред почетокот на пописот на населението на 5 септември, рече дека постои можност доколку одредено домаќинство не сака да прими невакциниран попишувач, на истата адреса да биде испратен вакциниран.

- Разговарав и со министерто за правда како и со директорот на Државниот завод за статистика и за време на пописот ќе се потрудиме  да има максимална флексибилност тие граѓани што ќе одбијат невакцинирани попишувачи да бидат попишани од вакцинирани попишувачи, рече на денешната прес-конференција, рече Заев.

Премиерот смета дека мал е бројот на таквите граѓани кои ќе побараат промена на попишувачот.

- Кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, односно кај тие граѓани да бидат испратени вакцинирани попишувачи. Голем дел од попишувачите се вакцинирани, а мал е бројот на граѓаните кои одбиваат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи. Имајќи предвид дека пописот е 25 дена може да ги собереме сите податоци за граѓаните, кажа Заев.


Слично

Поврзани вести