Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако не како пратеник, Груевски ќе зема плата како екс-премиер?

Ако не како пратеник, Груевски ќе зема плата како екс-премиер?

Софија Куновска, поранешен влијателен член на СДСМ, истакна дека Никола Груевски и да му биде укината можноста да добива пратеничка плата, наместо тоа ќе добива месечен приход како поранешен премиер на Македонија.

Група пратеници предлага членот 11 од Законот за пратеници да биде дополнет во кој ќе се вели: "Ако пратеникот е осуден со правосилна судска одлука, со затвор од повеќе од шест месеци, тој / таа го губи правото на исплаќање плати, други лични примања и исплата на трошоци ". Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на 2 години затвор со пресуда за случајот "Тенк", но платата повторно се исплаќа, бидејќи единствена опција со постојниот закон е тоа што за било кое отсуство од работата на Собранието платата му се намалува за 5 проценти.

„На Никола Груевски ќе му биде одземена пратеничката плата согласно измени на законот, најави на прес конференција пратеничка од СДСМ/ Но, истиот има право на плата како поранешен премиер онолку долго колку што бил на таа функција. Тој беше премиер од 28.08.2006 до 18.01.2016 или 9 години, 4 месеци и 23 дена. До денес му се изминати 3 години и 10 дена. Прашањето ми е следно: Дали останува и натаму на сила законското решение со кое секој премиер ќе има плата, обезбедување, возач, службен автомобил и се друго предвидено со актуелното решение? (Измена донесена од мнозинството на Груевски). Ако останува ова решение на сила Груевски има уште 6 години, 4 месеци и 18 дена плата и останати привилегии како поранешен премиер. Или до мај 2026 ќе си го плаќаме“, пишува Куновска на Фејсбук. 

Слично

Поврзани вести