„АКО МИСЛЕВМЕ ДЕКА СДСМ НЀ ПРОДАДЕ, ОВИЕ НЀ РАСПРОДАВААТ КАКО ПРЕД ЗАТВАРАЊЕ НА ДУЌАНОТ“: Ванковска за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка декларација со Бугарија
Професорката Билјана Ванковска со реакција на идејата на ВМРО-ДПМНЕ, односно на Антонио Милошоски за заедничка декларација со Бугарија во врска со македонскиот јазик и идентитет.
„Тукушто го слушнав новиот “генијален” предлог на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка декларација со Бугарија во врска со македонскиот јазик и идентитет. Академик Ќулафкова го деконструира извонредно и немам што да додадам по овој дел од проблемот.
Но, не можам да се воздржам и да не додадам дека овие решиле да нѐ сотрат. Исто толку “генијален” предлог им е и оној за промена на Уставот со одложено дејство (среќа што ЕУ не го прифаќа иако професорката по уставно право и едно време патриотка, а сега само претседателка на културата, се залага за него).
Ако мислевме дека СДСМ нѐ продаде, овие нѐ распродаваат како пред затворање на дуќанот.
Толку да се нема чувство за национален дигнитет и да се лигави пред еден циркус како ЕП/ЕУ е тешко да се свари“, напиша таа.
Слично
