Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Македонија влезе во НАТО ќе има негативни последици, смета Москва

Ако Македонија влезе во НАТО ќе има негативни последици, смета Москва

Русија смета дека плановите, Македонија да биде внесена во НАТО, може да имаат негативни последици по регионалната безбедност и билатералните односи меѓу двете земји.

Ова го соопшти руското Министерство за надворешни работи, по одржаниот состанок меѓу заменик- министерот Александар Грушко и македонскиот амбасадор во Русија, Гоце Карајанов.

Двајцата ја истакнале подготвенста за соработка во областите од заеднички интерес, како и важноста да продолжи работата на Руско- македонската меѓувладина комисија за трговија, економија, за научна и технолошка соработа. Двете страни ја искажале намерата да продолжат со соработката во сферите од заеднички интерес.

Грушко и Карајанов разговарале и за ситуацијата на Балканот.

Слично

Поврзани вести