Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО МАКЕДОНИЈА МЕНУВА ВО УЧЕБНИЦИТЕ И БУГАРИЈА ЌЕ МЕНУВА: Професорот Георгиев тврди- Договорот е со реципроцитет

АКО МАКЕДОНИЈА МЕНУВА ВО УЧЕБНИЦИТЕ И БУГАРИЈА ЌЕ МЕНУВА: Професорот Георгиев тврди- Договорот е со реципроцитет

-Не може Северна Македонија да ги менува учебниците, а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници. Не може Северна Македонија да смени натпис на некој од спомениците на пример, ако дојде до тоа, а Бугарија да не смени, да остане онака како што е. Тука има реципроцитет. Тоа е двострано, реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници. Сите обврски кои ќе произлезат од препораките на пример за заедничко чествување се однесуваат и на Бугарија, не само на Македонија. Препораките се однесуваат и на бугарските учебници, не само на македонските учебници, вели професорот Драги Георгиев во интервју за Канал 77.

Тој, како што појаснува, Северна Македонија нема да преземе еднострани обврски, и се што ќе направи македонско-буграската комисија за исторски прашања е на база на реципроцитет

Притоа Георгиев порача дека не треба јавноста да се плаши дека ако дојде до тој процес дека ќе се случат промени само кај Северна Македонија, а дека нема да има и во Бугарија, потенцирајќи дека Комисијата не се занимава со идентитетските прашања.

-Тоа не е тема на работа на Комисијата да се престане да се манипулира дека таа ќе решава кој каков идентитет имал пред илјада години, рече професорот Георгиев. 

ФОТО: МИА

Слично

Поврзани вести