АКО ИМААТ МАЛКУ ОСЕТ, СЕКОЈ СОВЕТНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СЕ ИЗВИНИ КОН МЕНЕ: Костадинов за владејачката партија и состојбата во Струмица
На партиските препукувања им нема крај. Градоначалникот на Струмица веќе неколку денови обвинува дека Струмица и некои проекти се саботирани од страна на владејачкото мнозинство.
„Ако имаат малку осет, секој советник од ВМРО-ДПМНЕ Струмица ќе се извини кон мене, но и кон цела Струмица!
Додека власта предводена од нив за една настрешница внимавајте настрешница, плаќаат народни пари 500.000 евра, тие цела Струмица ја ставија во залог и не обвинуваа за имплементацијата на електричен јавен превоз.
Внимавајте електричен автобус кој превезува граѓани, подобрува мобилност, заштедува во буџетот на семејствата, чини помалку од една настрешница на ВМРО—ДПМНЕ!
Навистина понекогаш треба да се има доблест и да и се извинете на цела Струмица и да одите во секое маало и село по три пати да викате ИЗВИНИ!“, вели тој.
Слично
