Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО ИМА РЕСТРИКЦИИ, ТИЕ ПРВО ЌЕ БИДАТ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ - Филипче најавува или трета доза или сезонска вакцинација

АКО ИМА РЕСТРИКЦИИ, ТИЕ ПРВО ЌЕ БИДАТ ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ - Филипче најавува или трета доза или сезонска вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Гевгелија изјави дека можно е воведување на трета доза вакцина против коронавирус, а можно е и вакцината да стане сезонска.

Тој изјави дека има зголемување на бројките на заразени, меѓутоа тоа не е загрижувачки бидејќи така е низ целиот свет, а притисок во болниците нема. Моментално на Инфективната клиника се лекуваат 15 пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека очигледно е оти ќе продолжи трендот на појава на нови мутации на коронавирусот и оти делта сојот нема да биде последен од вирусот. Рече дека е можно влошување на епидемилошката состојба во државата.

„Во зависност од моменталната состојба ќе разговараме за евентуални рестриктивни мерки. Прво, насочени кон оние кои не се вакцинирани, бидејќи нема потреба да ставаме дополнителен ризик за луѓето коишто се вакцинирани знаејќи дека тоа е единствениот начин за нормално да функционираме и животите да ги вратиме назад. Еве сега, очигледно е дека кризата продолжува. Може да трае и во следните години. Така што, ставаме акцент на вакцинацијата којашто продолжува“, рече Филипче во Гевгелија, додавајќи дека верува оти нема да спласне интересот кај граѓаните за вакцијација.

Министерот е свесен за зголемување на бројките во изминатиот период, но вели дека она што е најважно е дека нема притисок кон болниците.

Министерот додаде дека интензивно ги следат препораките на СЗО и останатите земји во однос на вакцинацијата

Инаку, министерот вели дека веројатно делта-сојот нема да биде последен, а моменталната состојба ја оцени како „прилично мирна“, но предупреди дека е можно влошување. 

Тој се надева дека интересот за имунизација нема да спласне и ќе се одржи ова ниво.

„Интензивно ги следиме и анализираме препораките во однос на вакцинацијата. Едно од можните сценарија е да има препорака за трета доза вакцина, следно можно сценарио е ова да премине во сезонска вакцинација“, изјави Филипче од Гевгелија.

Слично

Поврзани вести