„АКО ИМ СЕ РАСПАЛ АВИОНОТ, ИМА РЕДОВНИ АВИО-ЛИНИ“: Ванковска со остра критика „нели им се воодушевувавме на скромните политички лидери?“
Остра критика од професорката Билјана Ванковска по објавувањето на информациите дека нашата претседателка Гордана Сиљановска Давкова не присуствувала на свечената церемонија на отворањето на катедралата Нотр Дам во Париз.
- Ако се расипал владиниот авион, постојат редовни авио-линии. За тие со болки во колена, нели, плаќаат и бизнис класа.
Но, друга ми е поентата: нели им се воодушевувавме на скромните политички лидери? Изгледа не се во мода дури и во сиромашни држави… - напиша Ванковска на Фејсбук.
Како што посочија денеска од Кабинетот на претседателката и таа била поканета на свеченото отворање, но не замина во Париз на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, а како причина го посочија дефектот на владиниот авион.
Слично
