Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако ги работите овие професии, време е да ги смените

Ако ги работите овие професии, време е да ги смените

Во развиените земји шансата работникот да биде заменет од робот на работа постојано расте. 

Истражување покажува дека околу 47% од работните места во САД може да бидат автоматизирани во следните 20 години.

Сметководител - 94% шанса за автоматизација

Се повеќе луѓе и фирми ги заменуваат  сметководителите со автоматизирани сметководствени и деловодни програми. Софтверски решенија, како TurboTax и Freshbooks ги прават сметководителите вишокот и штедат трошоци.

Помошници на специјалисти - 95% шанса

Ако порано адвокатите имаа потреба од тим помошници, кои помагаат со куп документи, денес им треба само компјутер и софтвер. Машините се новите помошници во многу работни сфери.

Готвачи во брза храна - 96% шанса

Веќе постојат роботски системи за подготовка на сендвичи и закуски - тие сечат, подготвуваат, пакуваат и продаваат. Можат да прават 360 сендвичи на час. Помошник готвачите се исто така загрозен вид.

Касиери - 97% шанса за автоматизација

На многу места во развиените земји, касите се автоматизирани. На некои места може да ги скенирате стоките со вашиот телефон и да  платите автоматски од банкарска сметка.

Слично

Поврзани вести