Ако францускиот предлог е толку добар, Мицкоски бара Владата да го објави на веб страницата
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на прес - конференција изјави дека ако е добар францускиот предлог, Владата треба веднаш да го објави на веб страната.
Тој вели дека Македонија преговара под бугарски диктат. Вели дека во новиот предлог се сменети само два збора.
„Лага е на Владата дека не биле запознаени со предлогот, лага е и тоа што ова сега го претставуваат како голем успех, а не сме го виделе и прочитале“, рече Мицкоски.
Вели дека ако претходно имавме нокаут на македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Мицкоски вели дека не треба да се лажеме, ова е дебакл. Прашува дали треба да им веруваме на луѓе кои досега многу пати излажале. Кажа дека предлогот кој пристигнал е неприфатлив за нив. Мицкоски вели дека ако сакаат да нема шпекулации, треба да го објават предлогот веднаш, уште вечерва.
„Сите да бидат будни, се подготвува асимилација“, рече Мицкоски.
Тој вели дека не треба да капитулираме дипломатски и наредните 50 години да не стигнеме до членство во ЕУ.
