Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО Е ПОРАКА, НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ: Видео од пожарот во кој изгоре автомобилот на брат му на пратеникот Јаулески

АКО Е ПОРАКА, НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ: Видео од пожарот во кој изгоре автомобилот на брат му на пратеникот Јаулески

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески синоќа вечерта објави дека некој намерно го запалил автомобилот на неговиот брат. Во објавата стои дека е убеден дека пожарот е подметнат, но дека не се плашат и дека правда ќе има.

„Пред неколку месеци по политичка нарачка упаднаа мафијашки во мојот дом, а вечерва во периодот околу 21:15/20 часот, во семејниот дом на брат ми беше запален неговиот автомобил. Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин. Ја испрскале целата кола, го фрлиле шишето, запалиле и избегале. Ако ова е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам. Не се плашиме затоа што немаме зошто. Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели, затоа ова не може да се разбере никако поинаку освен обид за заплашување преку испраќање ваква кукавичка порака. Ама напротив, ниту ме заплашивте ниту ова ќе остане така. ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ! Ќе одиме до крај и ќе видиме каков проблем има и кој има. Со ова ме правите поодлучен и посилен уште повеќе да се борам против оваа криминална власт да си замине наскоро. Правда ќе има, ова не се заборава! Бидете живи и здрави“, напиша пратеникот.


Слично

Поврзани вести