Ако Амди Бајрам е на листа, ОПЕР му откажува коалиција на Груевски
Доколку Амди Бајрам се најде на било која листа на претстојните избори, од Обединетата партија за целосна еманципација на Ромите (ОПЕР) велат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ.
Како што информираат од ОПЕР, во среда во Скопје била одржана средба меѓу претседателот на ОПЕР Неждет Мустафа и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, на која Мустафа истакнал дека тие нема да се согласат да коалицираат со партијата на власт ако таа го стави на некои од изборните листи Амди Бајрам.
Од Опер велат дека таков човек е навреда за Ромите и тие не сакаат да бидат во иста коалиција со него.
Слично
