Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКМИС-от одреди Кацарска да ги суди Велјановски, Јанакиески, Атанасовски и Ристовски, но таа одби

АКМИС-от одреди Кацарска да ги суди Велјановски, Јанакиески, Атанасовски и Ристовски, но таа одби

АКМИС-системот за распоредување на предметите одредил Добрила Кацарска да им суди на обвинетите како организатори за настаните во Собранието на 27 април, но таа одбила бидејќи веќе формирала свое мислење за случајот, односно проценила дека тој став може да делува на нејзината пристрасност во текот на процесот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Според тоа Кацарска нема да може да го суди и овој предмет, откако го водеше оној во кој беа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието на 27 април 2017 година во Основниот суд Скопје 1 осудени беа 16 обвинети со вкупна казна од 211 години затвор.

Кацарска веднаш побарала изземање, но откако првично не била утврдена пристрасност и и било одбиено барањето утредента повторно поднела ново барање со кое побарала изземање од случајот поради оформено мислење од претходното судење. Согласно судската практика, судија кој врши оценка на обвинението на предмет не може да го суди

АКМИС системот предметот за оценка му го додели на судијата Горан Бошевски.



Слично

Поврзани вести