Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акциска контрола на полицијата: Изречени 37 санкции за возачи на товарни возила

Акциска контрола на полицијата: Изречени 37 санкции за возачи на товарни возила

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи вчера (10.03.2026), во периодот од 09:00 до 14:00 часот, спроведе засилена акциска контрола на повеќе подрачја на Секторите за внатрешни работи, насочена кон санкционирање на прекршоци сторени од возачи на товарни моторни возила.

При контролата биле изречени вкупно 37 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.

Од нив:

  • 12 мерки се однесуваат на возачи на товарни возила поради претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада,

  • една мерка за недостиг на задолжителна опрема во возилото,

  • една мерка за технички неисправно возило,

  • 10 мерки за други сообраќајни прекршоци.

Дополнително, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица.

За сите сторители се изготвени соодветни поднесоци.

Од полицијата информираат дека ваквите сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, а упатија и апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

-Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од полицијата.


Слично

Поврзани вести