АКЦИОНЕРИТЕ НА ТИКВЕШ НАСКОРО ЌЕ СЕ ОПАРАТ – дефинирана сумата по акција, парите ќе треба да легнат најдоцна до први март
Винарската визба Тиквеш АД Кавадарци ја определи висината на дивидената која ќе ја подели на своите акционери. Како што е посочено во нивните документи, ќе се дели дивиденда од акумулираната добивка на компанијата од 2017 и 2018 година.
Одлуката за делење на дивидендата треба да биде изгласана на 29 декември, а најавата е дека парите на сметките на акционерите ќе легнат најдоцна до први април следната година.
Сопствениците на акции во оваа наша успешна компанија може да очекуваат на сметките да им легнат убави суми, имајќи во предвид дека висината на бруто дивиденда по акција ќе изнесува 1.198 денари.
Согласно податоците само за 2017 година Тиквеш има акумулираната добивка која достигнува 170.815.158 денари или над 2,7 милиони евра. Додека за 2018 година добивката изнесува 153.393.295 денари или скоро 2,5 милиони евра. Ова значи дека вкупно за споменатите две години добивката надминува 5,2 милиони евра
А еве како планираат да бидат распределени овие средства.
- Дел за дивиденда во бруто износ во акции на акционерите на Тиквеш сразмерно нивното учество во основната главнина по пат на издавање на нова емисија акции од 323.595.076 денари.
Дел за исплата на дивиденда во пари на платежни сметки на акционери 613.377 денари.
Акумулираната добивка на Тиквеш од 2017 и од 2018 година ќе се употреби за исплата на дивиденда во акции дел во пари на платежни сметки на акционерите, сразмерно на учеството на нивните акции во досегашната основна главнина на Тиквеш – се наведува во документот објавен на Македонска берза.
Издадените акции од новата емисија ќе бидат регистрирани на сметките на сопствениците во Централниот депозитар на хартии од вредност по усвојувањето на одлуката од Собранието на акционери.
Делот за исплата на дивиденда, што ќе се исплаќа во пари, на платежни сметки на акционерите, ќе биде исплатен по уписот на зголемувањето на основната главнина во Централниот регистар на РСМ, а најдоцна до први март 2026 година.
Друштвото во согласност со регулативата, од бруто износот на дивидендата при исплата на физичките лица ќе уплати данок на личен доход, а при исплата на правните лица ќе уплати данок по задршка каде што е применливо.
- Висината на бруто дивиденда по акција ќе изнесува 1.198 денари, односно 38,1 отсто од номиналната вредност на акциите која изнесува 51,13 евра или 3.145 денари. Собранието на акционери на Тиквеш ќе се одржи на 29.12.2025, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2017 и 2018 година, односно право на дивиденда ќе имаат акционерите регистрирани во акционерската книга на 26.12.2025 година – се посочува во документите, објавени на Македонска берза.