АКЦИЈАТА ROADPOL ЗАПОЧНА ВО МАКЕДОНИЈА: Засилена полициска контрола на електрични тротинети, мотоцикли, мопеди, скутери...
Министерството за внатрешни работи, во периодот од 02 до 07 јуни 2026 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедно со уште 34 европски земји, учествува во спроведување на зајакнати акциски сообраќајни контроли.
Акциските активности се насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат возила со две тркала, односно мопеди, мотоцикли и е-тротинети како едни од најзагрозените учесници во сообраќајот во делот на користење на соодветна заштитна опрема, техничка исправност, право на управување и одговорно возење со почитување на сообраќајните правила и прописи, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на сообраќајните незгоди.
„Имајќи предвид дека, се наоѓаме во период кога поради топлите денови овие возила интензивно учествуваат во сообраќајот, сообраќајната полиција ќе презема засилени контроли со превентивно-репресивни мерки на патиштата низ целата држава“, информираат од МВР.
