АКЦИЈАТА „ОБРАЧ“ ГО РАСЧИСТИ УБИСТВОТО ВО ДЕБРЕШЕ: Министерот Тошковски соопшти детали
Полицијата од
Тетово денеска во акцијата „Обрач“ уапси три лица осомничени за убиството на
35-годишниот Р. К. во гостиварското село Дебреше.
Министерот за внатрешни работи цо објава на Фејсбук соопшти детали:
-Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј.В (31) и Љ.В.(32), а пронајдена е и автоматската пушка од која е пукано, како и возилото “волво” со кое сторителите се одддалечиле од местото на настанот. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО, објави на ФБ министерот за внатрешни работи ,Панче Тошковски.
