AКЦИЈА ВО СТРУМИЦА: Полицијата заплени 100 килограми марихуана во 100 пакувања
Шест торби со вкупно 100 пакувања марихуана заедно тешки 100 килограми се запленети вчера во полициската акција во Струмица, информираше Министерството за внатрешни работи.
На улица Климент Охридски во градот, кон 18.30 часот се уапсени Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско. Дрогата е пронајдена при претрес на возилото „голф“ кој имал фалсификувани регистарски таблички. Целата количина била уредно спакувана за меѓународен транспорт.
фото МВР
Слично
