Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКЦИЈА ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА: Приведени повеќемина меѓу кои раководител од „Македонски шуми“, полициски началник и сопственици на фирми

АКЦИЈА ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА: Приведени повеќемина меѓу кои раководител од „Македонски шуми“, полициски началник и сопственици на фирми

Широка полициска акција се спроведува од вчера попладне во истокот на Македонија. Акцијата се случува во Берово, Пехчево и Делчево, а е насочена кон разбивање на организирана криминална група, поврзана со нелегална сеча на дрва, корупција и злоупотреба на службената положба и овластување.

Акцијата вклучува претреси на повеќе локации, а приведени се повеќемина од различни институции. Неофицијално, меѓу приведените се раководител на подружница на ЈП „Македонски шуми“, началник на полиција и полициски службеници, шумски полицајци и службеник од Министерството за земјоделство, но има и приведени сопственици на фирми.

Групата се сомничи за нелегална сеча на шума, за на крај, дрвата да бидат заведувани како легално исечени и носени кон фирми чии сопственици се приведени. 

За акцијата, која се уште е во тек, се очекуваат детални информации во текот на денот.

Слично

Поврзани вести