Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акција се спроведува во Струмица и Скопје за мархуаната запленета во Србија?

Акција се спроведува во Струмица и Скопје за мархуаната запленета во Србија?

Според неофицијални информации, вечерва е во тек полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, додека истовремено објект во Скопје, во поранешниот индустриски комплекс Охис, е целосно запоседнат од надлежните институции уште од четврток навечер.

Во акцијата, како што дознава Плусинфо, се вклучени повеќе институции – полицијата, царинските служби, здравствени инспекторати и јавното обвинителство. Фокусот е ставен на мрежата што со години функционирала под превезот на легално производство, но, според сомнежите, служела за нелегален извоз и профитирање.

Пред неколку дена во Србија  беа запленети пет тони марихуана со потекло од Македонија. 

Слично

Поврзани вести