Акциите на Тетекс стигнаа нов врв, но малку акции се тргуваа
Ако се гледа според самата вредност на акциите од Тетекс имаат причини за задоволство бидејќи цената на Македонска берза достигна нов врв годинава и се искачи на 2.269 денари со што е вратен просекот од над 2.200 денари, но истргувана е мала количина на акции.
Така во две трансакции во текот на вчерашниот ден продадени се вкупно 8 обични акции со право на глас на Тетекс АД Тетово што не е огромен промет, но секако придонесе за зголемување на вредноста на акциите на компанијата.
Во текот на првиот месец од годинава акцијата на Тетекс е една од поатрактивните на Македонска берза и забележавме повеќе големи тргувања со масовно вложување. Рекордот беше постигнат на 17 јануари кога за 1.362 акции беа платени 2,7 милиони денари или околу 2.000 денари по една акција.
Од тогаш наваму акцијата на Тетекс постојано ја зголемува вредноста, а Тетекс дели дивиденди во последните три години и тоа секоја наредна година со повисок износ.
Х.С.
