АКЦИИТЕ НА МЕДИУМСКАТА КОМПАНИЈА НА ДОНАЛД ТРАМП ПОРАСНАА ЗА 50 ОТСТО ПОСЛЕ АТЕНТАТОТ - причина се зголемените очекувања за победа
Акциите на медиумската компанија на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, позната по акронимот TMTG, пораснаа за 50 отсто во претотвореното тргување во САД.
Аналитичарите сугерираат дека атентатот на Трамп, кој беше извршен во саботата во Пенсилванија, може да му ги зголеми шансите за победа на ноемвриските претседателски избори и враќање во Белата куќа, а експертот Роб Кејси смета дека тоа е главната причина за зголемувањето на вредноста на акциите на TMTG, пренесува CNBC.
Медиумската компанија TMTG дебитираше на Њујоршката берза на 26 март, а нејзината вредност на акциите значително флуктуираше за време на претседателската кампања во САД.
Во април, компанијата откри во регулаторно поднесување дека има зголемени загуби кои, според нејзиниот сметководител, „фрлија сомнеж во способноста на фирмата да продолжи со континуирана активност“.
Наведената фирма работи под акронимот DDT, што ги означува иницијалите на Трамп.
