АКЦЕЛЕРАТОРОТ Е ИНСТАЛИРАН НА КЛИНИКАТА ЗА ОНКОЛОГИЈА: Наскоро ќе се почне со зрачна терапија на пациентите
Министерот за здравство ,Фатмир Меџити информира дека во петокот, на 22. декември 2023 година е завршена инсталацијата на линеарниот акцелератор на Клиниката за онкологија.
„Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнивме уште едно ветување. Од страна на производителот и одговорните физичари во установата е потпишан Final Acceptance Certificate - документ со којшто се потврдува дека медицинскиот апарат е инсталиран во целосна согласност со сите спецификации на проектите, составен и инсталиран следејќи ги сите упатства и технички барања согласно производителот Varian Medical Systems. Во наредниот период се очекува воведување во работата и започнување со зрачна терапија на пациентите“, вели Меџити.
Слично
