Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКАДЕМИК ТАКИ ФИТИ ЗА ФАКТОР 24: Одговорност на претседателот Иванов е да го додели мандатот за формирање на политичка влада

АКАДЕМИК ТАКИ ФИТИ ЗА ФАКТОР 24: Одговорност на претседателот Иванов е да го додели мандатот за формирање на политичка влада

Во оваа ситуација во која сме треба што поскоро да се формира политичка Влада и претседателот Ѓорѓе Иванов да го довери мандатот, порача во интервју за Фактор 24 претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити.  

„Кризата е многу сериозна,  таа може да го загрози опстанокот на државата. Се работи за длабока политичка и општествена криза.  Граѓаните сè повеќе се поделени  и се враќа стравот кај луѓето. За  МАНУ два приоритети се важни - мирна разврска, дијалог во институциите и што побрзо формирање на политичка Влада“- оцени акад. Фити.

Според првиот човек на МАНУ, одговорноста за решавање на кризата лежи кај политичките партии  и нивните  раководства и шефот на државата,  а дијалогот мора да се води во институциите“.   

Претседателот на МАНУ, Таки Фити го реафирмира ставот на Академиците: „Разнебитувањето на институциите може да го доведе во прашање  опстанокот на Македонија“, предупреди првиот човек на Академијата.

Прашан дали  албанската Платформа е прифатлива за МАНУ , акад. Фити со одговор :

„МАНУ не гледа загрозеност на македонскиот јазик во т.н. албанска Платформа, МАНУ нема да прифати решенија  што се надвор од Уставот..“ .  

Во разговорот за Фактор 24 ,  првиот човек на МАНУ  одговара и на прашањата поврзани со  Манифестотот на ВМРО ДПМНЕ, за опасноста од растечкиот национализам, перманентното и забрзано задолжување на државата, за последиците од политичката  криза врз економијата, но и за ставот на академик Митко Маџунков кој албанската платформа ја оцени како националистички и иредентистички акт. 

Магазинот Фактор 24 кој е  проект на веб порталот Фактор  од оваа среда со нов тремин 19:15 часот на ТВ 24.  


Слично

Поврзани вести