Економија, финансии, бизнис

Контакт

Академик Павловски до Заев: Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот?

Академик Павловски до Заев: Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот?

Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам, напиша во својата реакција кон премиерот Зоран Заев, академикот Божин Павловски. Реакцијата е една од многуте кои ги предизвикаа тврдењата на Заев за грчката телевизија Алфа со кои тој образложува за македонската историја.

„Господине Заев, за ова што си го изјавил пред грчкиот телевизиски аудиториум во држава што поседува изградени политички критериуми би морал да се засрамиш. 99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? Твоето површно гледање на работите може да го разори целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза. Размислувај пред да отвориш уста, те молам“, вели Павловски.

Во интервјуто Заев говори за преспанскиот договор, за јазикот и за корените. 

„Во минатото со обидот да се промени и извитопери целата нашата историја, со преземањето на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи со кои сме опкружени и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО, вели Заев.

Вчера реагираше и режисерот Владимир Милчин.

„Господине Заев, знаете ли нација на глобусов која не присвојувала? Најголемите нации најмногу присвоиле. И територија и историја. Она што не можеле да го асимилираат, го набркале или го истребиле. Ме вџашува леснотијата со која демонстрирате скудно познавање на историјата и ги навредувате Македонците кои паметат или знаат колку и кои војски газеле овде и што оставиле зад себе.“


Слично

Поврзани вести