Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Академик“: Името „Македонија“ ќе остане во еден член од Уставот

„Академик“: Името „Македонија“ ќе остане во еден член од Уставот

Во предложениот амандман  XXXIII на Уставот на Република Македонија се пропишува дека „Во Уставот зборовите ‘Република Македонија’ се заменуваат со зборовите ‘Република Северна Македонија’, а зборот ‘Македонија’ се заменува со зборовите ‘Северна Македонија’, освен во член 36.“, објави „Академик“.

Членот  36 од Уставот на РМ гласи:

„Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се уредуваат со закон.“


Слично

Поврзани вести