Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Академија за судии и јавни обвинители можат да ме побараат за да си ја добијат поштата“: Ненов со видео покажа како работи Македонска пошта

„Академија за судии и јавни обвинители можат да ме побараат за да си ја добијат поштата“: Ненов со видео покажа како работи Македонска пошта

Револтирани граѓани секојдневно коментираат за односот на поштарите со поштата која ја испорачуваат. 

Сите се гневни поради фактот што поштарите не ги ставаат писмата во снадачиња, дури и кога тие се уредно одбележани, туку ги оставаат сите на куп врз сандачињата, или пак во нивна близина, без воопшто да се грижат дали лицето до кое треба да стигне поштата ќе ја добијат. 

Оваа беше причина да реагира Марјан Ненов, веќе познат во јавноста како поборник за општествените права. 

Тој на социјалните мрежи сподели видео од зграда во која писмата беа оставени врз кутиите за пошта. 

- Македонска пошта стана легло на кривинаши и неработници, лица партиски бутнати да земаат плати и да не работат. Со своето неодговорно работење оваа екс реномирана фирма им го загорчи животот на илјадници фамилии. 

Писмата повеќе нема да ги добивате редовно бидејќи ќе бидат фрлени таму некаде во комшии. 

И не само писма туку и препрачани пратки кои треба на рака да ви бидат доставени и да се потпишете дека сте ги примиле. 

П.с. Академија за судии и јавни обвинители слободно можат да ме побараат за да си ја добијат поштата - напиша Ненов покрај објавата. 

Еве го целото видео:


Фото: Принтскрин/Икс

Слично

Поврзани вести