Економија, финансии, бизнис

Контакт

Академиците бараат од политичарите да не шират омраза

Академиците бараат од политичарите да не шират омраза

Претседателството на МАНУ изрази длабока загриженост за актуелната политичка состојба во земјата, за долгата криза и продлабочувањето на меѓупартиските тензии во постизборниот период. Сето ова, според МАНУ, води кон понатамошно комплицирање на состојбите и продлабочување на поделбите меѓу граѓаните на Македонија.

- МАНУ смета дека кризата мора да заврши и да завршат сите обиди за поттикнување омраза, непријателство и закани за пресметки врз национална, етничка или политичка основа. Сите политички партии тоа мораат да го осудат но и сите медиуми. Потребна е атмосфера на конструктивен, обединувачки и плодотворен дијалог. – посочи МАНУ во соопштението испратено до медиумите.

Од таму порачаа дека за надминување на кризата и враќање на земјата на патот на правната држава, ефективно функционирање на независни судски и други институции, владеење на правото и ослободување и раздвижување на евроатлантските интеграциски процеси, а најголема одговорност носат политичките партии и нивните раководства.


Слично

Поврзани вести