Ајнхорн го продава својот дел од Мајкрософт: „Компанијата погрешно ја водат“
Еден од најпознатите менаџери на хеџ фондовите, Дејвид Ајнхорн, го продал својот удел во Мајкрософт, бидејќи бил незадоволен од менаџментот на компанијата.
Cвојата одлука да се ослободи од акциите, Ајнхорн ја објаснил со зборовите дека „компанија во последните 10 години е погрешно водена и и претстои ризик да стане помала“. Особено го нагласил подбацувањето на оперативниот систем Windows 8.
Ајнхорн веќе подолго време не пропушта ниту една прилика да изрази незадоволство од Мајкрософт, а во 2011 година побара оставка од претседателот на управата, Cтив Балмер, при што, не му беше удоволено.
Слично
