„АЈФОН РЕКЛМАТА“ МУ ДАДЕ УСПЕХ: Курто Дудуш води во Шуто Оризари
Кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш е во водство пред своите противкандидати. Од пребројани гласови во 41,67 проценти од избирачките места, Дудуш има освоено 1.172 гласови, или 41,33 отсто од гласовите.
Следен е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Демир, со 719 гласови или 25,35 проценти. Следи Шабан Салиу, обвинетиот за пожарот во Кочани, кој има 303 гласови или 10,68 отсто, а по него е Елвис Бајрам, кој има 237 гласови, односно 8,36 проценти.
Кандидатот на СДСМ, Едис Хасан има освоено 112 гласови, односно 3,95 отсто од гласовите.
Актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат, Круто Дудуш на почетокот на кампањата се фотографираше со мобилен телефон од 1.600 евра, но појасни дека се работело за „маркетинг“.
„Да ја разрешиме мистеријата за вистинскиот сопственик на ајфонот 17 про макс, мојот братучед Алмир Дудуш-познат бизнисмен во Шуто Оризари. Преку сликата со телефонот сакавме да го рекламираме бројот 17 со кој ќе настапиме на избори со нашата партија Унија на Ромите, пред пошироката јавност“, рече тогаш Дудуш.
