АЈДЕ НАРОДЕ ДА СИ БАРАМЕ ПРАВДА: Глигорова со повик до граѓаните
Активистката Ана Глигорова на својот фејсбук профил ги повика граѓаните да си ја бараат правдата заради неспроведување на уставниот закон за застарување на долгови.
„Бидејќи оваа контрадикторна власт нема намера да го спроведе уставниот закон за застарување на долгови и висина на казнена камата нема намера да го спроведе во наредниот период, плус не се почитуваат правосилни судски решенија од страна на службени лица што е кривично дело, се соучесници во неспровдувањето на судски одлуки. Токму заради овој феномен, подговени сме како активисти да се појавиме на собири пред минстерството за правда да си бараме спроведување на закон. Датумот и часот (работен ден) ќе ви го објавам деновиве. Ајде народе, да си бараме правда, ние си имаме закон, тие имаат бахатост“, напиша таа.
